Нејмар понуден на два европски гиганти, но…

by bojan
1 минути читање
Нејмар

Агентот Пини Захави го понудил Нејмар на Барселона и Баерн Минхен, но и за двата клуба во овој момент не даваат приорите на една ваква зделка.

Нејмар на почетокот од годината го раскина богатиот договор со Ал Хилал и се врати во Сантош, клубот каде ја започна кариерата.

Но често се говори дека враќањето во Бразил е попатна станица, целта на Нејмар е повторно да блесне во Европа.

Напаѓачот сака да направи трансфер во тим кој може да освои се, игра офанзивен фудбал и може да му помогне да се врати во најдобрата форма. Тој е подготвен да прифати и краткорочен договор по поволни финансиски услови за клубот.

Неговиот агентот Пини Захави веќе опипува терен и го понудил на Барселона и Баерн Минхен.

Сепак, во моментов ангажман на Нејмар не е приоритет ниту на „каталонците“, ниту на „баварците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани