169
Бразилецот е во
центарот на вниманието поради најавениот рекорден трансфер во ПСЖ, па медиумите
будно го следат секој негов потег.
Камерите на
Депортес Кватро го уловија Нејмар како влегува во соблекувалната на Реал Мадрид
по „Ел Класико“ пресметката во Мајами.
Бразилецот таму
се задржал 15 минута и излегол со два дреса на „Кралевите“.
Едниот е од
Серхио Рамос, кој самиот кажа дека го разменил дресот со Нејмар, додека пак вториот
веројатно е од некој негов сонародник, односно или од Касемиро или од Марсело.
Не се знае зошто
Нејмар ја посетил соблекувалната на лутиот ривал, но се шпекулира дека тој се
збогувал со играчите на Реал зошто ова му било последно „Ел Класико“.