Нејмар подготвен за предавство, ќе заигра за лутиот ривал на ПСЖ?

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар планира шокантно враќање во европскиот фудбал и е подготвен да направи потег што сигурно ќе го налути навивачите на ПСЖ.

Напаѓачот на Сантос наводно е отворен за трансфер во Олимпик Марсеј, најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб од Париз. Информациите од Франција велат дека Марсеј сериозно работи на негов ангажман, а самиот Нејмар делува максимално заинтересирано да се пресели на „Велодром“.

Договорот со Сантос му истекува на крајот од оваа година, а целта на Бразилецот е јасна да се врати во Европа и преку силни настапи повторно да влезе во плановите на Карло Анчелоти за Светското првенство.

Марсеј следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, што значи дека ќе има подобра финансиска позиција за носење големи имиња, а Нејмар веќе сигнализирал дека е подготвен да ја намали својата плата за трансферот да се реализира. Нејмар настапуваше во Лига 1 од 2017 до 2023 година, откако ПСЖ плати рекордни 222 милиони евра на Барселона. Во францускиот шампионат освои пет титули, постигна 118 гола и подели 79 асистенции на 173 натпревари.

Сега сака нов почеток, но во дресот на најомразениот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×