Нејмар побарал од УЕФА да ја исфрли Барса од Лигата на шампионите, добил брутален одговор

by
1 минути читање

Барселона и
Нејмар не се разделија во најдобри односи, клубот одби да му исплати бонус од
26 милиони евра, а го даде и на суд за штетата која играчот ја предизвикал со
преселбата во Париз.

Според АС, и
самиот играч возвратил во идентична мера и се пожалил до УЕФА.

Бразилецот
побарал од Европската куќа на фудбалот да ја исфрли Барселона од Лигата на
шампионите поради неплатените бонуси.

Од УЕФА му
испратиле одговор дека не им паѓа на памет да посегнат по еден ваков потег, и
му порачале дека на неговото барање не му придодаваат многу значење.

Барса на прес
конференција веќе објасни кои три точки од договорот биле прекршени и поради
тоа нема да му ја исплатат ветената премија.

Исто така
„Каталонците“ веруваат дека трансферот бил од поодамна договорен но само реализиран
на 3. август за Нејмар да го побара бонусот кој требал неговиот татко да го
добие на 31. јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани