Нејмар не е среќен во Париз, но според каталонскиот весник, тој никогаш и не бил среќен таму.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Нејмар само една недела по потпишувањето на договорот со ПСЖ сфатил дека погрешил.
Нејмар изгледаше среќно на претставувањето позирајќи на слики со директорот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и се изгледаше добро.
Но, тој брзо се почувствувал осамен во Франција и покрај тоа што купил огромна куќа во која имало се што ќе посака.
Тој се почувствувал изолирано бидејќи во Барселона секогаш ги имал пријателите со кои се дружел. Нејмар беше близок со Луис Суарез, Лионел Меси и Жерард Пике.
Чувството на осаменост и носталгија кон Барселона се чини дека никогаш и го нема напуштено, тој и денеска очајно посакува да се врати во шампионот на Шпанија.