Нејмар плачеше и беше засремен, но друг човек ја плати цената за срамниот пораз на Сантос

by Стефан
1 минути читање

Изминатаата вечер во бразилското првенство, екипата на Сантос доживеаа тежок пораз од 6-0, а овој напревар донесе големо разочарување кај Бразилецот Нејмар кој плачеше како мало дете.

Нејмар и призна дека никогаш не претрпел потежок пораз, но и дека се срами од навивачите.

„Целосно сум разочаран од нашата игра. Имате целосно право да протестирате, но без насилство, можете и да навредувате. Чувството е многу срамно. Никогаш во животот не сум доживеал вакво нешто“, изјави поранешниот фудбалер на Барселона и ПЖ.

Цената на дебаклот ја плати тренерот на Сантос, Клебер Ксавиер кого клубот експресно го отпушти.

„Клубот му се заблагодарува на тренерот и му посакува среќа во продолжение од кариерата“, објави Сантос.

На клупата на бразилскиот гигант, Клебер беше од април.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×