Нејмар плачел и молел Барса да не го пушти во ПСЖ, но…

by
1 минути читање

Напаѓачот изминатово лето се пресели на Паркот на Принцовите во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра, но неговата авантура во Париз ја следи голема контроверзија

Тој напрво влезе во расправија со Единсон Кавани за тоа кој да ги шутира пеналите, а потоа имаше и недоразбирање со тренерот Унаи Емери.

Во исто време медиумите шпекулираат дека Нејмар не е среќен во ПСЖ и жали што ја напуштил Барселона.

Самиот играч неодамна го демантираше ова, но гласините никако да престанат. Новинарот на Марка, Маркос Лопез сега излезе со неверојатна сторија.

Тој објави дека Нејмар плачел и го молел Жосеп Марија Бартомеу да не го пушта во ПСЖ. Извори блиски до трансфер сагата велат дека напаѓачот во два наврати се сретнал со претседателот на Барселона и барал да го „извлече“ од трансферот во ПСЖ.

Но агентот и таткото на Нејмар биле тие кои упорно инсистирале. Нејмар сениор уживал во тоа што неговиот син е во центарот на вниманието, го има на насловните страни на весниците, и клубовите му се јавуваат и го молат Нејмар да потпише за нив.

Маркос Лопез исто така ја дополнува сторијата која кружеше изминатиов период и додава дека кога Нејмар бил во посета на поранешните соиграчи во Барселона им рекол: „Ме паметите? Сакам да се вратам назад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани