Нејмар пак не играше фудбал за роденденот на неговата сестра, случјано или намерно?!

by
2 минути читање

Бразилецот беше
еден од клучните играчи на дуелот со ПСЖ во средата кога Барса испиша историја и надополни
негатива од 4-0, но напаѓачот не беше во комбинација за натпреварот со Депортиво во
неделата, натпревар кој „Каталонците“ го загубија.

Средбата на
Риазор се поклопува со роденденот на сестрата на Нејмар, па медиумите од
Шпанија одново коваат теории на заговор и се прашуваат дали отсуството било
случајно или намерно.

Откако пристигна
на Камп Ноу, поради една или друга причина, Нејмар нема одиграно ниту една
минута кога натпреварите се поклопуваат со роденденот на неговата сестра.

Во првата сезона
(2013/14) средбата против Осасуна ја преседе на клупата за резерви.

12 месеци подоцна
не беше во комбинација за дуелот против Рајо поради акумилирани картони и доби
дозвола да отпатува во Бразил.

Слична беше
ситуацијата и минатата сезона, Нејмар поради акумулирани картони беше
суспендиран за средбата со Еибар и слободното време го искористи да се врати во родниот Бразил.

За овој викенд
оправдувањето беше дека Нејмар има повреда на задната ложа и затоа не настапи
против Депортиво.

Тој не патуваше
за Бразил со оглед на тоа дека неговата сестра роденденот го прослави токму во
Барселона.

Медиумите можеби
и се во право кога велат дека има нешто сомнително, тешко за верување е дека
Нејмар четири години по ред има проблем токму во овој период од месец март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани