Нејмар оваа недела пристигнува во Барселона, на агендата има две работи

by
1 минути читање

Денеска
започнуваат подготовките на ПСЖ за новата сезона, а на првата прозивика на
тренерот Томас Тухел нема да се појави Нејмар. Напаѓачот иако не настапи на
Копа Америка, поради повредата која ја заработи добил неколку дена плус одмор.

Но пред да
отпатува за Париз, Нејмар оваа недела ќе скокне во Барселона. Како што
пренесува „Ла Портериа“, фудбалерот со дел од семејството ќе пристигне во Каталонија и на агендата ќе има две
работи.

Од една страна ќе се обиде
да го забрза трансферот и враќањето на Камп Ноу, а од друга страна ќе одбре и
дом каде што ќе живее во следните години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×