229
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар можел да биде дел од Светското клупско првенство, но одлучил да не го напушти Сантос бидејќи уште не е комплетно фит.
Се шпекулира со заминување на Нејмар од Сантос, но како што стојат работите тој ќе остане, а можел да потпише за клуб кој игра на СКП.
„Бев блиску до потпис со Флуминенсе за да играм на ФИФА Светското клупско првенство, тоа беше сериозна шанса“, открива Нејмар.
„Одлучив да не потпишам и да останам во Сантос да се опоравувам од повредата бидејќи не сум 100 проценти фит уште, сакам да влезам во најдобра форма во сезоната“.
Фото: X/Santos FC