Нејмар откри дека плачел цел ден по натпреварот со Србија

by
1 минути читање

Нејмар го повреди скочниот зглоб на воведниот натпревар на мундијалот во Катар, па мораше да ги пропушти дуелите против Швајцарија и Камерун.

Иако се стравуваше дека ќе го прескокне и осминафиналето, напаѓачот на ПСЖ вечерва се врати во стартниот состав на „кариоките“ и со гол и асистенција помогна во победата од 4-1 против Јужна Кореја.

„Бев многу исплашен бидејќи имав добра сезона, бев во добра форма. Навистина е тешко кога ќе се повредите така, плачев цел ден по натпреварот против Србија“ – вели Нејмар.

„Се исплатеше сета таа работа со физиотерапевтите. Работевме и по 11 часа на ден, до 5-6 наутро. Но тоа жртвување се иплатеше“.

За амбициите во Катар, тој додаде: „Време е да одиме чекор подалеку. Сонуваме за титулата, но ќе мора да одиме чекор по чекор. Ова беше четвртиот натпревар, ни остануваат уште три. Навистина сме подготвени и фокусирани да стигнеме до титулата“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани