Претседателот на
германскиот шампион Баерн Минхен, Ули Хенес го прокоментираше трансферот на
Бразилецот Нејмар во редовите на Париз Сент Жермен, за кого истакна дека како
фудбалер, неговите квалитети се далеку од сумата која ја плати францускиот клуб
за него.
„222 милиони евра
за Нејмар? Мислам дека не е толку добар…“ рече Хенес кој притоа се осврна и
на Осман Дембеле, младиот Французин пак кој е на листата на желби на Барселона,
а откако не се појави на тренинг на Борусија Дортмунд, доби суспензија од клубот.
„Доколку
фудбалерот не се појави на тренинг на екипата, тоа е негова одговорност, не
треба да ги третираме фудбалерите како богови, доколку не се однесуваат така…
Борусија Дортмунд реагираше паметно и смирено. Доколку сте голем клуб како што
е Борусија, морате понекогаш да покажете и демонстрирате моќ“ издвои Хенес.