Нејмар не играше против Јунајтед, но УЕФА му даде голема суспензија поради тој меч

by
1 минути читање

УЕФА му врачи три натпревари суспензија на Нејмар поради неговите непристојни коментари на социјални мрежи против судијата на мечот против Манчестер јунајтед.

Бразилецот постираше порака на својот инстаграм против против судиите поради пеналот кој беше досуден во судиското продолжение кога шутот на Далот заврши во раката на Кимпембе.

„Ова е срамота, ставија четири лица кои не знаат ништо од фудбал да одлучуваат во ВАР собата. Ова не беше пенал. Како може да е рака кога го удри во грбот! Одете е*ете се!“, гласеше пораката на Нејмар.

Поради оваа порака тој ќе ја пропушти половина групна фаза од следната сезона во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×