Нејмар повторно потсетува на своите најдобри денови и испраќа јасна порака до селекторот Карло Анчелоти во пресрет на Светското првенство.
Бразилската ѕвезда беше херој на Сантос во победата од 2-1 против Васко да Гама, постигнувајќи ги двата гола за својот тим. Со оваа партија Нејмар уште еднаш покажа дека формата му е во нагорна линија и дека сериозно конкурира за враќање во националниот тим.
Тој подолг период не е дел од бразилската репрезентација, а досега нема настап ниту под водство на Анчелоти.