Бразилецот Нејмар со големи очекувања беше дочекан во Сантос каде што навивачите во него гледаа големо засилување и лидер на теренот, но ситуацијата на теренот е поинаква.
Нејмар како и во Ал Хилал и во Сантос има сериозни проблеми со повредите и ретко игра, но и кога е на теренот не покажува премногу. На сето тоа влезе и во раасправија со еден фан на еден од последните натпревари. Поради навивачите му се обратија со писмо.
„Се обраќаме на тебе, нашиот идол, Нејмар. Да, идол, затоа те молиме и така да се однесуваш. Зборуваш дека те навредило тоа што навивачите тебе и твоето семејство те нарекуваат платеници и дека повеќе би заработил некаде на друго место, ние го знаеме тоа. Но, стави се на место на еден изморен навивач кој со години го гледа својот тим како се мачи и повторно губи дома во зоната на испаѓање и има прилика да те погледне во очи и да те замоли да бидеш лидер на оваа нестабилна екипа. Зарем и ти не би реагирал така“, стои во писмото до Нејмар.
Поради ваквата ситуација се пишува дека Нејмар може да се врати во Европа. Како опција сега се споменува Олимпик Марсеј кој е наводно заинтересиран да го доведе. Ваков трансфер би предизвикал реакции затоа што Нејмар шест години го носеше дресот на ПСЖ кој е голем ривал на Марсеј.
Враќање во Европа за Нејмар може да биде добро и поради Светското првенство кое се игра наредната година.