208
Бразилската ѕвезда Нејмар го привлече вниманието на јавноста за време на божиќното патување во Њујорк, каде што престојуваше заедно со својата девојка, манекенката Бруна Бианкарди.
Иако не беше во центарот на вниманието поради фудбалски потези, напаѓачот на сите погледи ги сврте со луксузниот капут и маската со кои се обиде да остане непрепознатлив на Тајмс Сквер.
Скапата модна комбинација, сепак не помина незабележано и предизвика интерес кај бројните минувачи. Така, наместо да го препознаваат луѓето во Њујорк, тој беше хит поради уникатниот изглед.