Нејмар конечно пак даде гол за Сантос! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар по пауза од три месеци пак постигна гол за својот Сантос против Мирасол во ремито (1-1) во бразилската Серија А.

Нејмар постигна гол во четвртата минута, реализирајќи во контра во ситуација еден на еден. Тој лесно и рутински погоди за предност на Сантос, која за жал тимот не ја задржа.

За Нејмар ова е четврти гол во дресот на Сантос по враќањето во славниот бразилски клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×