Нејмар „киднал“ и го оставил Мбапе да плати сметка од илјадници евра во ноќен клуб

by bojan
1 минути читање

Весникот Л’Екип пренесува за интересна случка во Париз од времето кога Нејмар и Килијан Мбапе делеа соблекувална во ПСЖ, Бразилецот „киднал“ и го оставил Французинот да плати сметка од илјадници евра во ноќен клуб.

Изминативе години имаше многу написи за односите помеѓу Нејмар и Килијан Мбапе, се говореше дека Французинот бил тој кој извршил притисок врз ПСЖ да биде продаден Бразилецот поради недисциплина и бурен ноќен живот.

Весникот Л’Еикип сега пренесува за интересна слушка во Париз поврзана со двајцата фудбалери.

Нејмар и Килијан Мбапе една вечер се забавувале во ексклузивниот ноќен клуб Л’Арк, место често посетувано од фудбалери и славните луѓе во главниот град на Франција.

Нејмар направил огромна сметка нарачувајќи пијалок за себе и своето друштво, но на крајот „киднал“ без да плати и покрај тоа што вработените во неколку наврати го потсетиле дека треба да подмири долг.

На крајот Килијан Мбапе морал да ја плати сметката, точната сума не е позната, но резервација на маса чини од 5.000 до 20.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани