247
Медиумите од Бразил велат дека постои шанса Нејмар да му помогне на Сантош во битката за опстанок и да игра со инјекции, но ова може да му направи проблеми на долг план.
Нејмар има повреда на менискусот на коленото и се говори дека годината за него е завршена.
Но неколку извори пренесуваат дека повредата не е толку сериозна и напаѓачот би можел да игра со инјекција.
Сантош во последните кола ќе се бори за опстанок, па Нејмар би можел да стисне заби и да помогне.
Сепак, еден ваков потег може да му направи проблем на долг рок, односно повредата да се влоши и тој многу подолго да биде надвор од стројот.
Токму и поради ова, неговиот татко се противи на идејата Нејмар да игра со инјекција.