Бразилецот е
суспендиран за „Ел Класико“ но Барселона се обидува преку „дупка“ во правилата
да издејствува напаѓачот да настапи на Сантијаго Бернабеу.
Шампионот на
Шпанија вчера поднесе жалба до шпанскиот Суд за спортска арбитража (ТАД) но
само откако судиите завршија со својата работа за денот а судиите со часови чекаа да
го добијат предметтот на Барса.
Судот денеска се
обиде итно да се состане, но не можеше да ги собере сите членови.
ТАД ги извести
„Каталонците“ дека Нејмар е суспендиран и тие ризикуваат казна доколку играчот
настапи против Реал Мадрид, но Барса одлучи да го негира ова соопштение.
Барса преку свое
известување објасни дека соопштението на ТАД е лично мислење на претседателот
на судот, па тие се уште чекаат формална пресуда.
Клубот од Камп
Ноу верува дека правилата се на нивна страна, тие ја поднеле жалбата во
предвидениот рок и доколку ТАД не може да донесе одлука, казната на Нејмар
треба привремено да биде ставена во мирување.
Па затоа Нејмар
ќе патува за Мадрид, а ова го потврди и потпретседателот Жорди Местре.
Останува да се
види дали ова е само провокација во пресрет на големото дерби или Барселона
навистина планира Бразилецот да нстапи и на тој начин да се креира преседан.