Нејмар има свој фаворит за титулата во Премиерлигата, во топ 4 изостави еден фаворит

by
1 минути читање

Нејмар ги даде
своите предвидувања за тоа како ќе заврши на крајот табелата во топ четири
од  Премиерлигата за актуелнава сезона,
ѕвездата на ПСЖ смета дека Манчестер Сити ќе ја освои титулата, а во топ
четирите екипи го изостави Ливерпул.

Кој ќе ја освои
титулата? Тоа е тешко да се претпостави, многу тешко, но, мислам дека тоа ќе му
успее на Манчестер Сити, втор ќе биде Манчестер јунајтед, трет Челси, а на
четвртото место ќе биде Тотенхем
“ рече Бразилецот.

Ливерпул има
максимален ефект од четири победи од исто толку одиграни натпревари во новата
сезона од Премиерлигата, бранителот на титулата, Манчестер Сити е нешто подолу
на табелата, поточно на четвртото место со 10 освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×