Нејмар има емотивна порака за Родриго! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Родриго заработи повреда на лигаментите поради која заврши сезоната за него, но нема да игра ниту на Светското првенство, а веројатно и календарската година е завршена.

Нејмар кој многу добро знае како е да се минува низ периоди со тешки повреди, испрати порака за поддршка кон својот сонародник.

„Денес е еден од најтажните денови за мене. Кога дознав за повредата ми се врати филм во главата. Сите страдања, целата мака и стравот од поминување низ оваа повреда! Моја десетко, мое момче, мој наследник (така те викам), барам само едно нешто… сега е време да ги собереш сите што ги сакаш околу тебе… И како што рече, не заслужуваш да поминуваш низ ова сега… но кои сме ние да ги доведуваме во прашање Божјите планови. Мал брате… СИЛА, сигурен сум дека ќе се вратиш летајќи. Те сакам, на ист начин како што ми даде поддршка, ќе бидам тука за тебе“, напиша Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×