Нејмар им соопштил на Меси и дружината дека заминува, еве што тие му одговориле

by
1 минути читање

Нов ден, нови
стории за иднината на Нејмар. Последните извештаи велат дека Бразилецот ги
известил своите соиграчи за намерата да замине од Барса и да се пресели во
Париз.

Лео Меси, и
останатите играчи чиј збор се слуша во соблекувалната, разговарале со Нејмар,
му кажале дека треба да остане на Камп Ноу и се обиделе да го премислат.

Му објасниле
каква корист ќе има доколку продолжи да го носи дресот на Барселона, и што ќе
добие ако се пресели во ПСЖ.

Тие сепак се
свесни дека Нејмар е тој кој го има последниот збор, и се зависи само од
репрезентативецот на „Кариоките“.

Вчера медиумите
од Бразил излегоа со слични стории, во овој случај Нејмар на сонародниците кои
играат во ПСЖ (Маркињос, Тиаго Силва, Лукас Мура и Дани Алвеш) им пренел дека
ќе настапуваат заедно во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×