Ел Мундо
Депортиво пред неколку дена објави за тензии во соблекувалната на Барселона,
откако минатата недела на еден тренинг дошло до расправија помеѓу Нејмар и
десната рака на Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе.
Помошник тренерот
на Барса не бил задоволен од залагањето на Бразилецот па му упатил неколку
замерки на напаѓачот.
Наводно тренерот
му порачал: „Ако продолжил вака, ќе заврши како Роналдињо”.
Нејмар особено се
налутил на ваквите коментари, и ситуацијата би можела дополнително да ескалира.
Ел Мундо
Депортиво сега пишува дека Бразилецот им се заканал на лидерите на клубот дека
ќе замине доколку Хуан Карлос Унзуе стане нов тренер.
Луис Енрике си
оди по крајот на сезоната, а Хуан Карлос Унзуе е една од опциите за негов
насленик.