Нејмар и понудил на Барса да и ги опрости 43-те милиони евра кои ги бара доколку биде исполнет еден услов

by
1 минути читање

Во Барселона
денеска имаше рочиште од судскиот процес помеѓу Нејмар и Барса во кој напаѓачот
си го бара бонусот кој му следува за новиот договор кој го потпиша во 2016.

Во прашање е
исплата од 26 милиони евра која требаше да биде извршена на 31. јули 2017, но
„каталонците“ оваа сума ја доставија пред нотар кога разбраа дека играчот
преговара за преселба во ПСЖ и по реализацијата на трансферот (во август 2017)
решија да ги задржат парите.

Нејмар на суд
сега бара многу повеќе или околу 43 милиони евра, и според медиумите од
Шпанија, пред да почне расправата, од страна на фудбалерот бил испратен предлог
до Барселона.

Бразилецот и
понудил на Барса да и ја опрости оваа сума и да ја повлече тужбата во замена за
ветување дека ќе се врати на Камп Ноу. Нејмар побарал писмена гаранција дека
„каталонците“ ќе го купат следното лето, услов кој сепак не бил прифатлив за
шампионот на Шпанија, па двете страни ги презентирале своите докази пред
судијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×