Нејмар и Меси најскапи фудбалери на „Фудбал Менаџер 2018“, Роналдо далеку зад нив

by
2 минути читање

Доцна синоќа излезе Бета верзијата на мега популарната
видео симулаторска компјутерска игра „Фудбал Менаџер 2018“, па со тоа големите
љубители на оваа игра имаа можност да го „тестираат“ новото издание.

Интересно, ги бележиме најскапите фудбалери во најновото
издание на оваа игра, прв е Нејмар од ПСЖ, а по него следи Лионел Меси од
Барселона, нивната вредност изнесува по 95 милиони евра.

По нив следи Кевин Де Брујн од Манчестер Сити со 87
милиони евра, па Герет Бејл од Реал Мадрид со 84 милиони евра, исто колку што
вреди и Серхио Агуеро од Манчестер Сити.

Тоа што за момент барем по малку зачудува е фактот што
помеѓу 25. најскапи фудбалери на листата го нема најдобриот фудбалер на светот
и член на европскиот и светски првак Реал Мадрид, Кристиано Роналдо кој вреди
само 55 милиони евра, воедно на листата е веднаш под Адам Лалана од Ливерпул
кој има вредност од 56 милиони евра.

Португалецот веќе е влезен во својата 33 година, па
оттука можеби и разбирлив е падот на неговата цена на оваа игра, а можеби и
премногу е падната неговата вредност.

 

Извор/Фото: goal.com/hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани