Нејмар и Фирмино го однесоа Бразил во четвртфиналето, Мексико немоќен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразил ја оправда фаворитската улога, го помина Мексико и се пласира меѓу осумте најдобри на Мундијалот.

Бразилците беа подобри во текот на целиот меч, особено во второто полувреме во кое ги постигнаа и двата гола. Мексико се трудеше да парира, имаа неколку сериозни напади, но со лоша завршница.

Во првиот дел немаше многу возбудувања, Очоа им одбрани по еден удар на Нејмар и Габриел Жесус, но тоа беше се.

Бразил уште поофанзивно го почна второто полувреме, прв се закани Кутињо со убав удар, но Очоа уште еднаш беше поуспешен.

Сепак во 51. минута Вилијан и асистираше, а Нејмар ја смести топката во мрежата на Мексико за водство на Бразил од 1-0.

Во продолжението Мексико напаѓаше, но Бразил создаваше шанси. Се беше решено во 88. минута, кога Нејмар биеше, топката ја одбрани Очоа но таа дојде до Фирмино кој погоди за конечни 2-0.

Бразил заслужено се радува на пласман во четвртфиналето каде ќе игра со подобриот од Белгија и Јапонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани