Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар повторно е во центарот на вниманието, но не поради некоја актуелна форма.
Откако Анчелоти не го повика за мартовските натпревар, се отвори тема за Нејмар кој очајно посакува да игра на Светското првенство.
Некои му даваа поддршка на Бразилецот, но меѓу нив не беше и Вејн Руни кој рече дека никогаш не го сметал Нејмар за топ фудбалер како што се Меси и Роналдо.
Нејмар не чекаше многу да му одговори на Руни.
„Само се обидувам да се подобрувам сега пред светското првенстви и не ми е грижа кој што рекол. Тоа е причината поради која тој не успеа како тренер. Тој само сака повторно да биде релевантен и го користи моето име, не можам да му го дадам вниманието кое го сака“, рече Нејмар.