Нејмар го помина Роналдо, му требаат уште 14 голови за да стане најдобар стрелец во историјата на Бразил (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразил два пати губеше од Перу но на крајот успеа да дојде до трите бода. Нејмар постигна хет-трик, два од трите погодоци беа од пенал, еден гол за Бразилците беше дело на Ришарлисон.

Нејмар со овие погодоци изби на второто место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на бразилската репрезентација, тој го помина Роналдо. Нејмар има 64 голови, а прв е Пеле со 77. Ѕвездата на ПСЖ има доволно време за да го дофати и првото место до крајот на кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани