Нејмар го остави Кавани да шутне пенал, Уругваецот промаши (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По расправијата
за тоа кој да шутира пенали, Унаи Емери нареди Нејмар и Кавани да ја делат
должноста.

Сепак, самиот Уругваец неодамна сугерираше дека Нејмар е тој кој ќе биде
задолжен за ударите од белата точка, и токму Бразилецот ја изведе најстрогата
казна во минатото коло.

Но Нејмар вечерва
покажа дека знае да биде тимски играчи и му дозволи на Единсон Кавани да го изведе пеналот
на дуелот со Троја.

Уругваецот не ја
искористи укажата прилика, гостинскиот голман го одбрани неговиот удар, па напаѓачот
драстично си ги намали шансите одново да ја добие одговорноста во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×