Летото во 2017,
Нејмар го режираше најголемиот трансфер во историјата откако ја прифати
понудата на „светците“ и се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра.
Напаѓачот имаше
интервју со Фокс Спортс Бразил и ја откри причината за преселбаа на „Паркот на
принцовите“. Тој исто така откри дека бил на два ума и имал одредени сомнежи.
„Заминав бидејќи
сакав нов предизвик, предизвикот да победувам, да пробам нешто ново. Чувствував
дека е момент да искусам нешто што е многу потешко од она што го имав во Барса.
Барселона е клубот кој секогаш ме фасцинирал и се уште го обожавам и ден денес.
Се уште разговарам со поранешните соиграчи, но едноставно сакав да пробам нешто
ново“ – вели Нејмар.
„Ми беше тешко да
ја донесам одлуката. Имаше моменти кога се двоумев, не сакав да го напуштам
Камп Ноу и велев „Нема да заминам“. Така беше околу две недели но на крајот
решив да се преселам во Париз“.