Репрезентативецот
на „Кариоките“ ја отвара вратата за трансфер во Англија.
Нејмар е
импресиониран од Премиерлигата и вели дека посакува еден ден да се испроба на
„Островото“.
„Импресиониран
сум од Премиерлигата. Ми се допаѓа стилот на игра и тимовите. Кој знае, еден
ден би сакал да играм таму” – вели Бразилецот.
„Им се восхитувам
на Манчестер јунајтед,Челси, Арсенал и Ливерпул, клубови кои постојано се борат за титулата”.
„Исто така имате
и тренери од светска класа како Мурињо и Гвардиола. Секој играч сака да работи
со вакви тренери”.
Нејмар во октомври минатата година стави потпис на нов петгодишен договор со Барселона, но доколку некој клуб е спремен да го одврзи ќесето, во договорот има откупна клаузула вредна околу 200 милиони евра.