Се верува дека во наредните денови Нејмар ќе стане нов фудбалер на ПСЖ. Барселона во Кутињо гледа од можните негови замени и се обидува да го донесе на Камп Ноу.
Ливерпул не помислува да се откаже од Кутињо, па веќе одби понуда од Барселона во висина од 72 милиони фунти.
Откако ќе го добие богатството од трансферот на Нејмар, се очекува Барселона да испрати уште поголема понуда за Кутињо, но наидува на нови проблеми.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Нејмар му пишувал пораки на Кутињо во кој на својот сонародник му велел да не потпишува за Барселона туку да почека понуда од ПСЖ и да му се приклучи.
Се верува дека при преговорите со ПСЖ, Нејмар барал да се засили составот а една од неговите желби е и Филипе Кутињо.