Кон крајот на јануари, Бразилецот Нејмар се врати во редовите на Сантос каде што ја започна кариерата, но по четири натпревари веќе изрази незадоволство од условите за игра.
Имено, Нејмар не е задоволен и смета дека натпреварите во Бразил не треба да се играат на вештачка трева.
Нејмар започна и кампања против играњето на вештачки терени и доби поддршка од: Тијаго Силва, Мемфис Депај и Фелипе Кутињо.
„Загрижен сум поради насоката во која оди во фудбалот во Бразил. Навистина е апсурдно што мораме да разговараме за синтеточка трева на нашите терени. Објективно со оглед на големата и репрезентативноста на нашиот фудбал, тоа не би требало да биде опција. Едноставно, решение за лош терен е добар терен.
Во најпознатите првенства во светот се слушаат фудбалери и се вложува во квалитетот на тревата на стадионите. Се нуди квалитет на оние кои играат и кои гледаат“, стои во објавата на Нејмар на социјалните мрежи која ја споделија и споменатите фудбалери.