107
УЕФА им овозможи
на 19 дечиња со оштетен слух од уличиштето „Партение Зографски“ да се дружат со
ѕвездите на Реал Мадрид и да го учат Кристијано Роналдо знаковен јазик.
Фондацијата на
УЕФА за деца и оваа година на Суперкупот ќе има активно учество на церемонијата
со која ќе се отвори пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на
„Филип Втори“.
Дечиња со оштетен
слух ќе настапат и на знаковен јазик ќе ја испеат пезната „Скај фул оф Старс“
на „Колдплеј“.
Европската куќа
на фудбалот исто така им овозможи и дружба со членовите на Реал Мадрид и Манчестер
јунајтед.
Тие имаа прилика да се сретнат со Жозе Мурињо, и да го учат Кристијано Роналдо и
останатите ѕвезди на Реал Мадрид знаковен јазик.