Недвед урлал во тунелот кон соблекувалните, Брих само го игнорирал

by
1 минути читање

Контроверзниот
црвен картон кој синоќа го доби Кристијано Роналдо предизвика гнев помеѓу
лидерите на Јувентус, како што пренесуваат медиумите, прв со замерки бил Павел
Недвед.

Легендата на
„Старата Дама“, кој сега има улога на потпретседател, се симнал од трибините на Местаља во соблекувалната за да го утеши
Португалецот, за потоа на полувремето да го искаже сиот свој бес. Чехот, заедно
со уште двајца директори, му се пуштиле на судијата Феликс Брих во тунелот.

Тие барале
објаснување за одлуката, се дереле и јасно му ставиле до знаење на Германецот дека
погрешил. Но Феликс Брих останал глув, го игнорирал нивното однесување и без да
одговори на протесот од Јувентус се упатил во соблекувалната заедно со своите
помошници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×