Поранешниот фудбалер и функционер на Јувентус, Павел Недвед заедно со некогашниот претседател на клубот од Торино од, Андреа Ањели добија условни затворски казни поради финансиски малверзации.
Судијата Ана Марија Гавони од судот во Рим го осуди Недвед на една година и два месеци, додека Ањели доби шест месеци повисока условна казна. Недвед и Ањели така би завршиле во затвор ако во наредниот период го направат истиот прекршок.
Иако не се во клубот, двајцата финансиските малверзации ги направиле додека имале функција во Јувентус, па така казнета е и „старата дама“ со 156.000 евра. Делата Недвед и Ањели ги направиле во текот на пандемијата за коронавирусот кога биле прикривани финансиските извештаи на клубот.
Ќе потсетиме, Јувентус веќе беше казнет со одземање на бодови во Серија А во сезоната 2022/2023.