„Не знам зошто им направијa ваква услуга на Арсенал“ – Клоп го нападна Саутемптон

by
1 минути читање

„Топчиите“ се вратија во трката за топ четири пласман откако во неделата славеа над Манчестер јунајтед, а потоа во средата триумфираа и на гостувањето кај Саутемптон.

„Светците“ само неколку дена претходно се изборија за реми од 0-0 на Еннфилд, па Јирген Клоп не е задоволен од пристапот на Саумтемптон на средбата со Арсенал.

„Против Саутемптон имавме 70% посед на топка“ – вели менаџерот на Ливерпул.

„Саутемптон одигра многу, многу добро во одбрана против нас“.

„Го гледав нивниот деул со Арсенал во средата, и одиграа прилично отворено“.

„Не знам зошто им направијa ваква услуга на Арсенал, но тој натпервар беше сосема различен“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани