„Не знам како мислат да ја завршат сезоната… според мене фудбал не може да се игра дури до 2021 година!“

by
1 минути читање

Коронавирусот го
суспендираше фудбалот, ЕВРО 2020 е поместено за следната година, па тоа остава простор
првенствата да се доиграат во јуни, јули или пак август, иако првичниот план е
сите фудбалски натпреварувања во Европа да завршат до крајот на јуни.

За едно вакво сценарио,
рестартот на сезоните треба да се случи на почетокот од мај, но многумина не
веруваат дека епидемијата на коронавирус ќе биде ставена под контрола во брзо
време.

Јонас Шмид
Чаназит
, виролог од институтот Бернард Нохт во Хамбург, не
само што смета дека сезоната не може да продолжи во мај, вели дека фудбал нема
да може да се игра дури до 2021 година.

„Не знам како
мислат да ја завршат сезоната, според мене ова не е реално сценарија. Моја
проценка е дека нема да може да се игра фудбал до слендата година. Дури и
натпревар пред празни трибини се ризик, фудбалот ќе ги натера луѓето да се
собираат и заедно да гледаат натпревари. Треба многу други работи да се вратат
во нормала, за да можеме да мислиме на фудбал и продолжување на првенството“

вели Јонас Шмид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×