233
Легендата на „топчиите“, Јан Рајт му замери на Ерлинг Халанд за потегот со кој Норвежанецот го удри Габриел со топка во глава, смета дека напаѓачот на Манчестер Сити реагирал како кукавица.
Манчестер Сити и Арсенал во неделата одиграа возбудливи 2-2 по кои имаше многу обвинувања од двете страни.
Последен кој даде замерка е Јан Рајт, легендата на „топчиите“ реагираше поради потегот на Норвежанецот, кој по голот на Стуонс во 98. минута, го удри Габриел со топка во глава.
„Да се фрли топката во главата на Габи, кога тој е свртен со грб, тоа е кукавички потег. Тоа ми пречеше најмногу од се. Мислев дека Халанд е човек кој не паѓа на вакво ниско ниво“ – вели Рајт.