Не случајно Колашинац скокна да се тепа со крадците, еве што кажа Озил за Босанецот пред пет месеци (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Босанецот испадна
вистински херој во четвртокот, кога без грав страв им се спротивстави на двајца
крадци кои со нож во раката се обидоа да го земат автомобилот на Месут
Озил.

Но не случајно
Сеад Колашинац скокна да се тепа со крадците. Фановите на Арсенал прочепкаа по
архивите на ТВ каналот на „топчиите“ и најдоа едно видео од февруари месец.

Месут Озил и Пјер
Емерик Обамејанг беа гости во емисија и добија прашање кој соиграч би сакале да
го имаат покрај себе во тепачка. Двајцата фудбалери со насмевка на лицето
експресно одговорија дека тоа е Сеад Колашинац.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×