Стив Браун, кој по 23 години поминати во Манчестер јунајтед сега се најде на списокот со 250 луѓе кои добија отказ, испрати отровни стрели кон Сер Џим Ратклиф и ИНЕОС, порача да не ја продаваат душата за ситни пари.
Сер Џим Ратклиф реши да повлече непопуларен потег и да отпуши 250 вработени во Манчестер јунајтед како дел од плановите за кратење на трошоците.
Еден од оние кои ќе го напуштат клубот е Стив Браун, кој 23 години работел како аналитичар на Олд Трафорд.
„По 23 години лојална служба, му дојде крајот на моето време поминато во Манчестер јунајтед, не поради мој избор, туку поради кратење на трошоците. Не планирав дека вака ќе го напуштам клубот, но одредени работи се случуваат за да не стават на тест“ – напиша Стив Браун.
„Уживав во еден од најфантастичните периоди, се сретнав со многу легенди и бев дел (само мал дел) од легендарни моменти“.
„Не знам какви врати ќе ми се отворат или каков пат ќе изберам на 52 години, но ќе продолжам понатаму“.
„Му посакувам на Манчестер јунајтед се најдобро во иднина, се случија многу промени изминативе 23 години, некои добри, некои не толку добри“.
„Можам само да порачам, „Не си ја продавајте душата за ситни пари“. Луѓето кои беа дел од клубот го направија ова место да биде специјално, богато со историја“.