„Не си дипломиран доктор!“ – најскапиот дефанзивец во светот му го „плесна“ на новинарот и ги запали социјалните мрежи (ФОТО)

by
2 минути читање

Французинот, кој
е најскап дефанзивец во историјата откако „Граѓаните“ изминатово лето за него
платија 52 милиони фунти, го чека подолга пауза поради повреда на коленото.

Тој оваа недела
отпатува во Барселона на детални прегледи и Пеп Гвардиола вчера потврди дека
играчот најверојатно со месеци ќе биде надвор од терените.

Но денеска низ
медиумите од Англија се појавија песимистички прогнози според кои сезоната за
Бенџамин Менди веќе е завршена.

Новинарот Данкан
Каслс беше еден од неколкуте извори кои пренесоа дека левиот бек ги скинал
вкрстените лигаменти и ќе паузира 9 месеци.

Бенџамин Менди
можеби се наоѓа пред тежок период, но играчот не ја изгубил смислата за хумор и
со фантастичен одговор ги запали социјалните мрежи.

„Пишува дека си
новинар, па зошто зборуваш како дипломиран доктор? Не сум направил тестови за
да видиме дали се скинати вкрстените лигаменти или не, дури и јас не
знам која е точната дијагноза
– напиша играчот.

Неговиот твит има
речиси 1.800 коментари, над 25.0000 ретвита и над 48.000 лајкови за 4 часа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани