Не се ни запозна со Ристовски, Михајловиќ доби отказ од Спортинг по само девет дена

by
1 минути читање

Спортинг Лисабон е во хаос кој настана во финишот од минатата сезона кога маскирани хулигани ги нападнаа фудбалерите на тренинг порад тоа што го загубија второто место на табелата и пласман во Лигата на шампионите.

Поранешниот претседател Бруно де Карваљо го назначи Михајловиќ за нов тренер, а неколку дена подоцна беше сменет откако 71% од членовите на клубот се свртеа против него.

Новото раководство има поинакви замисли во кои не е Михајловиќ, па му врачи отказ на српскиот стратег.

„Спортинг ќе биде силен и ќе се бори за првото место. Михајловиќ не се вклопува во таа визија, ние веќе зборувавме со неговите адвокати“, изјави извршниот директор на Спортинг Лисабон, Соуза Кинтра.

Михајловиќ пред девет дена стави потпис на тригодишен договор со Спортинг Лисабон, но не ни стигна да се запознае со фудбалерите кои уште не ги почнале подготовките за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани