Натпреварот против Бреша го покажа карактерот на Болоња, на полувреме губеа со 3-1, но откако преку видео конференција на полувремето им се јави Михајловиќ, тие излегоа на теренот и го добија мечот со 4-3.
А потоа играчите одејќи накај дома со тимскиот автобус застанаа до болницата каде е сместен тренерот и му отидоа под прозор каде го скандираа неговото име.
Офанзивниот играч на Болоња, Никола Сансоне ја објаснува моменталната ситуација во тимот.
„Неговата болест силно не погоди и има така силна сплотеност меѓу нас и тренерот“, вели Сансоне за „Скај Спорт Италија“.
„Навистина сме обединети како тим и прекрасно е да се почувстува како сме поврзани. По минатиот меч сакавме пријатно да го изненадиме и на патот кон дома застанавме да го посетиме“.
„Го сакаме тренерот бидејќи е толку искрен, толку јасен и ни се допаѓа таа негова чесност. Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за нашиот Михајловиќ“.
Денеска Болоња има тежок меч, ја пречекува Рома.