Не само со Сити, Вирц преговарал и со друг англиски гигант!

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц е во потрага по нов клуб, најверојатно тој ќе ја смени средината на лето.

Пред некој ден се пишуваше дека Вирц бил во преговори со Манчестер Сити, а сега стигнуваат информации дека имал разговори и со Ливерпул.

Се верува дека Германецот сака да ги слушне сите заинтересирани за него пред да ја донесе конечната одлука.

„Скај Спортс Германија“ пишува дека по разговорите во Ливерпул добиле впечаток дека Вирц сака да остане во Германија.

Ако се случи да остане во Германија, таму има две опции, едната е да остане во Баер Леверкузен, а другата е да потпише за Баерн Минхен.

Во Ливерпул ќе ја следат ситуацијата на Вирц и покрај тоа што мали се изгледите Германецот да се пресели на Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×