Не само што одбива да тренира, Лукман го напуштил Бергамо и никој не знае каде е

by bojan
1 минути читање
Лукман од Аталанта е топ трансфер цел на Интер за засилување на нападот

Адемола Лукман не само што одбива да тренира, го напуштил Бергамо и никој во Аталанта не знае каде е напаѓачот, во меѓувреме Интер подготвува нова понуда со цел да се најде решение за трансфер.

Адемола Лукман синиќа не се појави на тренинг со цел да изврши притисок за трансфер во Интер, напаѓачот сега отишол и чекор подалеку – го напуштил Бергамо.

Никој во Аталанта не знае каде е напаѓачот, само неговиот агент знае, и во моментов целата комуникација оди преку него.

Во меѓувреме, Интер подготвува нова понуда со цел да се најде решение за трансфер на Адемола Лукман.

„Нероаѕурите“ од Милано ќе понудат 46 милиони евра, плус услугите на еден младинец со цел да се стигне до бараните 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×