Вердер Бремен ја откажа планираната турнеја во САД, директорот Клаус Филбрај вели дека една од причините за ваквата одлука се двете убиства од страна на полицијата во сојузната држава Минесота.
Вердер Бремен на крајот од март требаше да замине на турнеја во САД, но патувањето е откажано.
Има неколку причини за ваквата одлука, од убиствата во Минеаполис, до новите засилени контроли за влез во САД, како и можноста Вердер Бремен да игра бараж за опстанок во Бундеслигата.
„Две лица беа убиено со огнено оружје од страна на полицијата во сојузната држава Минесота. Играње фудбал во град погоден од немири и каде што луѓе се убиени среде улица, не е во согласност со вредностите на нашиот клуб“ – вели Клаус Филбри.
„Исто така, не можеме да знаеме кои играчи можат да влезат во САД поради построгите услови, кои меѓу другото вклучуваат и преглед на профилите на социјалните мрежи од последните пет години“ – додава директорот на Вердер Бремен.