Манчестер сити киксираше на гостувањето кај Вест хем во 30. коло од Премиер лигата, откако ремизираше 1-1 и не успеа да дојде до трите бода.
„Граѓаните“ поведоа по околу половина час игра со мајсторски погодок на Бернардо Силва. Португалецот атрактивно го лобуваше домашниот голман и постигна еден од поубавите голови сезонава. Но радоста траеше кратко, само четири минути подоцна, во 35. минута, Мавропанос по изведен корнер на Боувен го израмни резултатот за 1-1. Интересно е што тоа беше и единствениот уфар кон голот на Донарума во целиот натпревар.
Сити притискаше и се обидуваше до последниот судиски знак, но не успеа да го постигне вториот гол, па Арсенал сега на врвот има предност од девет бода, и покрај тоа што има еден натпревар повеќе од „граѓаните“.
🚨🏴 | GOAL: WHAT A SENSATIONAL GOAL FROM BERNARDO SILVA! FANTASTIC!
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) March 14, 2026
West Ham 0-1 Manchester City. pic.twitter.com/WMr6ROFzYh