По ремито против Кристал палас во првото коло, Челси вечерва одговори на најдобар можен начин, со убедлива победа на гости кај Вест хем од 1:5.
Иако стартот не ветуваше многу за избраниците на Мареска, бидејќи Лукаc Пакета со феноменален удар уште во 6. минута им донесе водство на „чеканите“, Челси брзо се врати,. Жоао Педро во 15. минута израмни, а осум минути подоцна Педро Нето го сврте резултатот во корист на „сините“. До паузата, Фернандез погоди за 1:3 и тука веќе стануваше јасно каде ќе одат бодовите.
Во продолжението Вест хем не успеа сериозно да ја загрози победата, додека Челси преку Каиседо во 54. и Чалобах во 58. минута само го потврди убедливиот триумф.
Треба да се знае и дека Челси до триумфот дојде без услугите на Палмер кој го пропушти натпреварот поради повреда.